Елена Јаќимовиќ од ДПСМ и Милош Стојмановски од НДМ кандидати за градоначалник на Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Елена Јаќимовиќ од Демократската партија на Србите во Македонија е кандидат за градоначалник во општина Старо Нагоричане.

По професија е стоматолог, а има сопствена стоматолошка организација каде и работи. Сопруга е на поранешниот претседател на огранокот на ДПСМ и советник во се уште актуелниот состав на Советот на Општина Куманово, Бобан Јаќимовиќ.

Неофицијално, кандидатура за градоначалник од Народното движење за Македонија поднел Милош Стојмановски, а од СДСМ веќе познатата кандидатка Жаклина Јовановска.

Како што информираат од Општинската изборна комисија од Старо Нагоричане, листа со кандидати за советници поднеле пет политички партии и тоа: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Група избирачи, Народно движење за Македонија и Левица советници, додека кандидати за градоначалници до полноќ доставиле лници ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Народно движење за Македонија.

 

Loading...