ЕКСТРЕМНА ЈОГА: Очите ги шминка со ножеви кои ги држи зад колена (видео)

Сподели со своите пријатели

Индиска тинејџерка има единствен, но и опасен ритуал за убавина. Таа шминката на очите ја нанесува со ножеви, а ножевите ги држи на колена.

Анамика Котхари љубовта кој јогата ја подигала на сосема ново ниво, а поради својот талент се натпреварувала и во емисијата „India’s Got Talent“.

Девојката од Рајастхан вели дека инаку е срамежлива и конзервативна.

Никогаш не сум сакала да бидам позната, но сакам да изведувам трикови. Возбудливо е да се изведува овој трик со ножеви. Сакам да продолжам да ги померам своите граници и да се направи уште монгу захтевни јога пози – рекла Анамика.

Тинејџерката дури пред две години започнала да се занимава со јога. Тренира со таткото Нарендр Кумар (35), кој одлучил на своите деца да им пренесе љубов кон јогата која ја учи од мали нозе.

Анамика сама го осмислила трикот со нож затоа што сакала да испроба нешто извонредно.

Видов нешто слично и на интернер и малку го прилагодив трикот. Отпочеток беше рискантно, но одев полека. Сега е се забавно – рекла Котхари, чии пријателки, како што вели, се љубоморни кога ќе ја видат на телевизија.

Секој ден тренира по два часа. Освоила неколку мдали, а сонот и да обори светски рекорди, но најважно од се, сака на својата земја да и покаже дека девојчињата се вредни исто како и мажите.

Горда сум што можам нешто што никој друг во Индија не може. Сакам на светот да го покажам својот талент и да докажам дека девојките не се слаби. Многу девојки кои ги знам се присилени да ги сокриваат своите таленти зад затворени врати. Но девојките можат да постигнат се што и момињата ако имаат вистинска поддршка. Со поддршката ос родителите можат да постигнат што сакаат – заклучила Анамика.

Loading...