ЕК определи клучна година за земјите од Западен Балкан?

Сподели со своите пријатели

Стратегија за проширување под името „Веродостојна перспектива за проширување на Западен Балкан“ ќе биде претставена на 6. јануари.

Тоа ќе биде направено за време на пленарното заседавање на Европскиот парламент во Стразбур, пишува порталот „Јуропиан Весетрн Балканс“.

Како за тој портал повтрдиле од Брисел, Колегиумот на Европската комисија, со која ќе претседава Жан Клод Јункер, ќе се сретне тоа утро во Стразбур и до пладне ќе го усвои финалниот текст на стратегијата.

Комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан ќе ја претстави стратегијата пред пратениците на Европскиот парламент истиот ден во 15:00 часот. Во тоа време стратегијата ќе биде јавно објавена, преку порталот на европските институции и во медиумите.

Според пишување на меидумите, документот ќе опфати општи одредби за побрз процес на интеграција на сите држави од регионот, како и конкретни датуми за евалуација на постигнатото во Црна Гора и Србија.

Според временската рамка Европската комисија, вели дека 2019. година ќе биде клучна за земјите од Западен Балкан.

Таа година се очекува потишување на сеопшта нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, додека Албанија и Македонија би требало да ги отворат пристапните преговори со Брисел, а Босна и Херцеговина да добие статус кандидат за членство во ЕУ.