ЕХФ: ЖРК Куманово двата меча ќе ги одигра на гостински терен (видео)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово во недела на гостински терен ќе ги одмерат силите со Металург од Скопје, во рамките на женската ракометна Супер лига.

По одличната игра која пред домашна публика ја прикажаа кумановки на мечот со Вардар Јуниор, раководството, тренерите и ракометарките очекуваат одличен резултат и на овој натпревар.

– Нашата екипа одигра четири натпревари. Резултатите се во рамките на она што го очекувавме, имаме три сигурни победи и доживеавме еден пораз од екипата на Вардар од Скопје, која знаеме дека е вицешампион на Европа. Што се однесува до помладите категории веќе ни започна кадетската лига, каде план ни е да ја освоиме таа лига, изјави Бобан Пеовски, претседател на ЖРК Куманово.

Loading...

– Мислам дека одигравме одличен натпревар, со кој докажавме и покажавме на публиката, дека знаеме да играме ракомет и знаеме да го оствариме тоа што го ветуваме, изјави Бети Петковска, ракометарка.

Во меѓувреме ракометарките се подготвени и за ЕХФ Челинџ Купот, каде два натпревари ќе бидат одиграни на гостински терен против нивниот полски противник, составот на МКС Селгрос Лубин.

– Одлучивме двата натпревари, поради намалување на трошоците, да се доиграат на гостински терен, натпреварите ќе се играат, едниот на 12ти ноември и вториот е еден ден подоцна, односно на 13ти ноевмри. Екипата ќе биде четири дена во Лублин во Полска. Мислам дека немаме големи шанси, бидејќи тие важат за изразито јак противник, противник, кој прави екипа во моментот е на правење на екипа која ќе биде конкурентна на најаките екипи во Лига на шампионите. Што се однесува до тој натпревар, немаме големи шанси реално, вели Пеовски.

Управата се заблагодари на кандидатот за градоначалник од Максим Димитриевски, кој им овозможил авионски билети на ракометарките да можат да отпатуваат на овој натпревар.

– Јавно да го прашам кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски дали ќе ги подржува спортистите и спортистки на нашиот град, а воедно и како фаворит, како секој спортски натпревар што има фаворит, тој е фаворит на 15ти октомври и очекувам да победи и ја има нашата поддршка, вели Филип Додевски, член на Управен одбор на ЖРК Куманово.

Целта на кумановки е јасна, освојување на вицешампионската титула во домашната лига и стекнување солидно искуство на натпреварот против МКС Селгрос Лубин во рамките на ЕХФ купот.