Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 11.40 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т. од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане и патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.К. од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.К., сопатничка во ПМВ „Голф“, која по укажаната лекарска помош во Ургентен центар Куманово била задржана на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.