Една куќа во Куманово вчера пријавена за поплавена, во Бедиње ветерот уривал дрвја

Сподели со своите пријатели

Силното невреме кое вчера попладне го зафати кумановско и регионот проследено со пороен дожд, силен ветер и електрични празнења,   имаше и силни последици врз околината.

Еден дом од 120 метри квадратни лоциран на улицата „Цар Самоил“ пријавил поплавување на подрумски простории. Во испумпувањето на водата половина час интервенирала и трочллена екипа од Територијалната протвпожарна единица Куманово, односно од 20:10 до 20:40 часот. Поплавувањето било предизвикано од излевање на канализацијата, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Силниот ветер успеал да урне и три стебла до бор во населбата Бедиње, поточно на улицата „11 Ноември“. Во расчистувањето на патот учествувале кумановските пожарникари во период од 21:40 до 22:15 часот.

Силниот ветер со часови без електрично напојување остави низа населени места.

фото: архива