Еди Рама гаѓан со чевел во главата во албанскиот парламент (видео)

Сподели со своите пријатели

Пратеничката на Движењето за социјалистичка интеграција, Моника Кријемади се обиде да го погоди со чевел премиерот Еди Рама во парламентот каде се водеше бурна расправа заименување на нов државен обвинител, пренесуваат албанските медиуми.

Премиерот на Албанија го заштитило обезбедувањето со чадор. Опозицијата претходно фрли и солзавец непосредно кон Рама. Исто така опозициските пратеници со хартија го гаѓаа и претседателот на Парламентот Илир Мета.

Опозицијата тврди дека изборите се нелегални и бараат формирање специјална комисија која би избрала нов државен обвинител.