Џез Фестивал Куманово – прекинатата традиција повторно се враќа на големата сцена

Сподели со своите пријатели

Институтот за наука, уметност, култура и спорт Куманово во своето планирање се одлучи за превземање на организацијата на џез фестивалот со цел истиот да се одржи и да прерасне во традиција која ќе се одржува секоја година.  

Идејата за организација на фестивалот не само што потекнува од прекинатата традиција туку и објективната потреба со цел да се продолжи овој извонредно екстензивен културен настан.

Со организирање на овој фестивал не само што ќе се привлече внимание за музичкото структуирање и излез од секојдневните музички форми туку и ќе се покаже еден нов квалитет на џез музиката.

Се надеваме дека настанот ќе привлече големо внимание со оглед на интересот кој постои не само кај граѓаните од град Куманово, туку и пошироко.

Настапуваат: Владимир Чектар Сексет, Филип Стевановски Бенд и МС – Бенд.

Настанот ќе се одржи во најголемата и најпрестижната организација од подрачјето на културатa во нашиот град: Центар з акултура „Трајко Прокопиев“ на 22.09.2017 година со почеток во 20 часот.

Билетите на билетарница на НУЦК за само 100 денари.

 

Loading...