Две сребра и една бронза за кумановските кик-боксери од Државното првенство (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во конкурнеција од 180 натпреварувачи од 24 различни кик бокс клубови од државата, три медали, две сребра и една бронза пристигнаа во Куманово од Државното првенство во кик бокс дисциплини, кое викендов се одржа во Скопје.

Со сребрен медал во категоријата до 86 килограми се закити Филип Наковски кој во финалето во една гладијаторска борба и три рунди, загуби на поени од репрезентативецот на Македонија, Димитар Георгиев од клубот Работнички од Скопје.

 

Loading...

 

Сребрен медал за Кик-бокс клубот Куманово донесе и Давид Спасовски кој се натпреваруваше во категоријата до 81 килограм, дисциплина „лоукик“. И Спасовски во финалето во прекин во втората рунда беше совладан од противник од Штип, додека во финалено поради исцрпеност загуби на поени од членот од Битола.

Добар настап имаше и јуниорот Лука Велковски кој освои бронзен медал.

Севкупно сум задоволен од резултатот и очекувам успеси и во иднина, порача тренерот на Кик бокс клуб Куманово 2006, Сашо Илиевски.

Leave a Reply