Две лица загинаа, тројца повредени во тешка сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

На 08.07.2017 година околу 22,00 часот на магистралниот пат А-3 кај место викано „Басарица“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале четири патнички моторни возила: “Ауди А4“ со штипски регистарски ознаки сопственост и управувано од С.Ј.(69) од Делчево, “Поло“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.А.(39) од Делчево, во кое како сопатници биле неговата мајка Д.А.(61) од Делчево и А.С.(31) од с.Сушица-Петровец, потоа уште едно возило “Поло“ со делчевски регистарски ознаки сопственост на такси компанија а управувано од Д.Д.(56) од Делчево и возило “Ауди А4“ со германски национални ознаки, сопственост и управувано од В.С.(28) Делчево, на привремена работа во Германија.

Од здобиените повреди при незгодата, возачот на “Ауди А 4“ С.Ј., при транспортот до Медицински центар Штип со возило на Итна медицинска помош, подлегнал на повредите. Од незгодата, Г.А. се здобил со телесни повреди, Д.А. се здобила со тешки телесни повреди и истата во коматозна состојба била пренесена во Медицински центар Штип каде им подлегнала на повредите, А.С. се здобила со телесни повреди и Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди. Истите се пренесени и задржани на лекување во Медицински центар Штип.

Увид на лице место извршиле ОЈО и увидна екипа од СВР Штип.