Две лица тешко повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 09.07.2017 година околу 01.20 часот во Куманово на крстосница од бул. „Октомвриска Револуција“ со ул. „Глигор Прличев“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Џип Чироки“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Д.М.(25) од Куманово а како сопатник во возилото се превезувал Б.П.(26) исто така од Куманово и моторцикал “Јамаха“ со национални ознаки на Р.Бугарија, управуван од И.С.(37) од Куманово (кој управувал под дејство на алкохол), а како сопатник се превезувала М.А.(26) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.С. и сопатникот М.А.. По укажаната лекарска помош во Општа болница Куманово, поради сериозноста на повредите како итни случаи се препратени во Ургентен центар Скопје.

Увид на лице место на незгодата извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Куманово, во содејство со увидна екипа од СВР Куманово.