Две лица повредени во напад со нож во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 08,05 часот во СВР Куманово, Н.Д.(40) од Куманово пријавил кривично дело – “насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, околу 07,40 часот по претходна расправија со браќата И.Д.(50) и Х.Д.(44) од Куманово, кои живеат како подстанари кај пријавителот, истите изразиле револт бидејќи немале електрична енергија во собата каде што престојуваат, при што Х.Д. со нож на расклопување му нанел на Н.Д. убодна рана во пределот на градниот кош, а на неговата сопруга М.Р. расекотина на левата рака, по што двајцата избегале.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово, а повредените се пренесени во Медицински центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на двете лица.