Две кумановски улици во четврток без струја

Сподели со своите пријатели

Во четврток во периодот од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од улиците „Стефо Филиповиќ“ и „Страшко Симонов“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Утре во период од 08:00 до 15:00 најавени прекини има за дел од улиците „Ангел Дуцо“ и „6-ти Април“

Станува збор за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија од страна на ЕВН Македонија, поради интервенции во дистрибутивната мрежа.