Две години условна казна затвор за момчето кое го симна македонското знаме во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Две години условна казна затвор заработи Љуан Кадриу од липковското село Слупчане, поради симнување на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово, а на чие место постави знаме на Република Албанија.

Денеска на Кадриу му се судеше во Основниот суд Куманово поради напад на службено лице при вршење работна од јавна безбедност и предизвикување на национална, верска и расна омраза, раздор и нетрпеливост, по кривичните пријави кои му ги поднесе СВР Куманово откако го лиши од слобода по извршување на делата.

Пред кривичниот совет Кадриу го призна делото и му беше пресудена условна казна затвор од две години, доколку во следните четири години не изврши друго кривично дело.

Шеснаесетгодишниот Л.С. не го призна делото и тврди дека на местото на настанот се нашол случајно, па неговото судење се уште трае.

Инаку инцидентот се случи во март годинава кога четворица тинејџери го симнаа македонското знаме од јарболот лоциран во центарот на Куманово и на негово место поставија знаме на Република Албанија. Додека го извршувале делото биле забележани од полициски службеници кои при обид да ги лигитимираат беа нападнати и се здобија со повреди.

Двајца од четворицата тинејџери избегаа од местото на анстанот, но полицијата ги приведен Л.С. и Љуан Кадриу од село Слупчане по што им поднесе кривични пријави.

 

Loading...