Две деца пријавени за ичезнати

Сподели со своите пријатели

Две деца од кои едно 16-годишно и едно на возраст од девет години вчера биле пријавени за исчезнати, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 07.07.2017 година околу 18,00 часот од својот дом од с.Сопотско-Ресен, во непознат правец се оддалечило 16 годишно девојче. СВР Битола презема мерки за нејзино пронаоѓање.

На 08.07.2017 година во 01.20 часот во Полициска станица Чаир, А.С.(28) од Скопје, пријавила дека на 07.07.2017 година во 17.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот девет годишен син. Причина за оддалечувањето е непозната. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.