Двајца кумановци заработија кривични поради поседување дрога

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р. (28) и И.Р. (34), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Пријавените на точно неутврден датум од непознато лице неовластено набавиле и заради продажба држеле вкупно 8,86 грама наркотична дрога „марихуана“. На 06.09.2016 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените и претрес над пријавениот И.Р. дрогата била пронајдена.