Клубот за бразилска џиу – џица ”The Strongest & Roots BJJ” од Куманово, инаку боречка вештина која се води на партер и е наменета за самоодбрана, на овогодинешниот турнир ”Fight Night Champion 3” кој на 24 октомври се одржа во Велес, членовите на кумановскиот клуб Мартин Стефановски и Никола Петрушевски донесоа два златни медали.
Во борбите на турнирот во Велес кои се водеа во кафез без кимоно, Стефановски се закити со злато во -70 килограми категорија, додека Петрушевски освои злато во категорија -88 килограми и бронза во апсолутна категорија.
– Тоа што нам ни значи многу е и освојувањето на бронза во категорија – 70 килограми во син појас, и освојувањето на сребро за Никола во категорија -88 килограми во бел појас. Тоа се случи на престижниот Меѓународен турнир во Скопје под името ” Gameness Macedonian BJJ Open 2015″ каде се натпреваруваа 140 натпреварувачи од над 10 земји, вели Стефановски.
Инаку, на Меѓународниот турнир што се одржа во салата ”Борис Трајковски” во Скопје, тимот на „Рутс“ на „Македонија БЏЏ опен 2015” освои 50 медали, од кои: 12 златни, 18 сребрени и 20 бронзени.
Тоа што го очекува кумановскиот клуб за бразилска џиу – џица е настап на турнир во Књажевац, Србија што ќе се одржи на 6 декември.
Клубот во меѓувреме врши упис на нови членови, почнувајќи од најрана возраст. Термините за тренинг се секој вторник и четврток од 20 часот за возрасни, во 18 часот за детска возраст, додека во сабота, 18 часот за возрасни и 17 часот за деца.
Сите информации се достапни на бројот 077/705-039.