Двајца кумановци ќе одговараат за напад со нож

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против З.С.(36) и З.Р.(47), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство”,информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

На 05.09.2017 година, околу 14,35 часот во Трговскиот центар „Зелен рид“ во Куманово, во возилото на Н.Т. од Скопје, првопријавениот физички го нападнал Н.Т., при што со нож, му нанел расекотини во левиот колк, а второпријавениот го управувал возилото. Пријавените, потоа, го однеле Н.Т., во куќата на З.С. во Бедиње, Куманово каде што, му се заканиле на оштетениот да не го пријавува настанот во полиција и да не оди на доктор.