Двајца Албанци со фалсификувани патни исправи приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Во два одвоени случаи вчера на граничниот премин „Табановце“ привдени биле двајца државјани на Република Албанија под сомнение дека сториле кривични дела фалсификување патни исправи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено првиот случај е регистриран околу 1:30 часот по полноќ, при излез од Република Македонија по извршена пасошка контрола од страна на полициски службеник поради постоење основи на сомнение дека патната исправа на Л.А.(44) од  Р.Албанија, е фалсификувана лицето било приведено во Полициската станица, а околу 03,00 часот било предадено  во Секторот за внатрешни работи Куманово, за понатамошно постапување.

Вториот случај бил регистриран околу 18 часот кога исто така на излез од Република Македонија по извршена пасошка контрола од страна на полициски службеник поради постоење основи на сомнение дека патната исправа на О.Е.(28)од  Р.Албанија, е фалсификувана лицето било задржано во полициската станица , а околу 19,30 часот било предадено на Секторот за внатрешни работи Куманово, за понатамошно постапување.

Против лицата ќе се покрене истражна постапка од страна на СВР Куманово.