Дваесетгодишник од Куманово физички нападнал полицаец

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ј. (20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 03.05.2016 година во Куманово, додека полициски службеници биле на службена должност поради пријавена поплака против пријавениот, истиот агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник удирајќи го во пределот на телото.