ДВ: Нема сомнение дека Скопје се надева на прием во НАТО на Самитот во јули

Сподели со своите пријатели

Следниот самит на НАТО се одржува во јули, но списокот на гости уште сега е предмет на внимание бидејќи на такви настани на највисоко ниво се испраќаат покани за членствово Алијансата. Нема сомнение дека во Скопје се надеваат на покани, објави Дојче веле.

Медиумот наведува дека се уште не е извесно дали Грција ќе прифати влез на северниот сосед во НАТО под името Поранешна Југословенска Република Македонија, но по смената на власта во Скопје, односите се релаксирани.

Даниел Сервер, американски експерт за Балканот од вашингтонскиот Универзитет Џон Хопкинс, изјави за ДВ дека ЕУ и САД треба да направат многу повеќе за да се реши спорот со името врз основа на т.н. Времена спогодба од 1995 година. Според таа спогодба, на Макеоднија треба да и биде дозволено влез во Алијансата под провизорното име ФИРОМ. Тоа подоцна го потврди и МКС.

– Европјаните и Американците би требало на Грција да и кажат тоа да го прифати, вели Сервер за ДВ.

Сепак, Џемс Меки шеф на Канцеларијата за евроатланско и глобално партнерство во НАТО смета дека „тоа би било премногу едноставно да се претстават несогласувањата околу името како единствена пречка за влез во НАТО“. 

– Сме виделе и назадување во прашањата на демократијата и владеењето на правото во поглед на дејствување на безбедносните и разузнавачки служби, изјави тој за ДВ.

Тој потсетува дека новиот македонски премиер Зоран Заев се обрзал на реформи во тој поглед.

– Ние тоа внимателно ќе го следиме, изјави Меки.

Извор: МИА

Loading...