Државјанин на Србија приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 04,00 часот на Граничниот премин Табановце за влез во Република Македонија се пријавил Д.M.(38) од Белград – Република Србија со патничко возило „Фолксваген Пасат“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По извршената контрола над возилото е констатирано дека има отстапување во серискиот број на возилото, односно дека истиот е фалсификуван. Лицето е задржано и во 05,00 часот заедно со возилото е предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка.