Дрога пронајдена при претрес во дом кај кумановец

Сподели со своите пријатели

Денеска во временски период од 13.00 часот до 14.20 часот, по претходно добиени оперативни сознанија издадена е Наредба за претрес на дом и други простории од Судија на претходна постапка при Основен суд Куманово од страна на полициски службеници од ОНТДО при СВР Куманово е извршен претрес на дом и други простории лоцирани во Куманово кај триесет и четири годишниот З.А.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, при претресот се пронајдени и со Потврди за привремено одземени предмети му се одземени следните предмети: четири стаклени тегли со непозната растителна материја; 1 најлонска кеса со непозната растителна материја и 1 најлонско пакување со непозната  растителна материја.

Во тек е изготвување на кривична пријава за сторено  кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, стои во соопштението од СВР Куманово.