Драстично зголемени водотеците во Кривопаланечко, поплавена една куќа

loading...

По обилните врнежи од дожд во текот на викендот, водотеците на подрачјето на општина Крива Паланка се драстично зголемени, а поради излевање на Крива Река во село Жидилово, поплавена е една куќа во која живеела фамилија со двајца повозрасни членови, над 70-годишна возраст.

– Во претхото деноноќие поради надојдените води на Крива Река во атарот на село Жидилово еден кат од куќа беше поплавен. Куќата била населена, а по дојавата во нашето одделение, екипи на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка интервенираа на лице место, евакуирајќи ги луѓето на вториот кат од куќата. Бидејќи e извршена проценка дека немало поголема опасност, семејството, иако по иницијатива на локалната самоуправа требало да се смести во ученичкиот дом „Боро Менков“, сепак, не прифатилo да го напушти домот, информира Зоки Павловски, раководител на Подрачно одделение на Дирекција за заштита и спасување, Крива Паланка.

Посочи дека општината ивршила увид, интервенирано е со еден скип и направен е бедем со кој водата е пренасочена, а истата се повлекла дополнително по престанување на врнежите.

– Останува да се изврши проценка од страна на општинска комисија за утврдување на штети. Овој реон во село Жидилово, над гасоводната станица, е критичен и не ретко се доведува во опасност при надоаѓање на водите, бидејќи куќите се ниво на реката. На истата локација имаше опасност водата да надојде и до друга куќа, но беше спречено. Водотеците ги поместија и пропустите на регионалниот пат Крива Паланка – село Огут, во самото село, но истите се наместени со интервенција од општината, посочи Павловски.

Крива Река имала и мали излевања кај село Стамболици, покрај речното корито, додека во општина Ранковце нема излевања на реки и попплавени површини.

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments