ДРАМА НА ВЕНЧАВКА: Бившата девојка со пиштол го киднапирала младоженецот

Сподели со своите пријатели

Неименувана Индијка од државата Утар Предеше го киднапирала поранешниот љубовник под закана со пиштол во моментот кога требал да се венча со втората жена.

Разлутената жена упаднала на церемонијата во продружба од тројца вооружени мажи, пред нејзиниот поранешен да го изговори судбоносното „да“.

Дали е ова најлошата свадба? Младенците го заиграа првиот танц, а гостите како на погреб (видео)

Loading...

Вооружените мажи го држале несреќниот Ашок Џавад на нишан и му се заканиле дека ќе го убијат доколку не ја напушти венчавката и тргне со нив. Несудениот младоженец потоа го втурнале во автомобил и се одвезеле во непознат правец, јавуваат индиските медиуми.

Како се дознава, Ашок ја запознал девојката додека работеле заедно во болница. Парот некое време се забавувал, па дури и се вериле, но неговите родители му договориле брак со друга жена.

Смешни ситуации од венчавките кои никогаш нема да ги заборавите (видео)

Кога нејзиниот сакан ги прекинал сите контакти со неа, таа побеснела и смислила план да се освети и да го врати своето право на љубов. Меѓутоа, дошло до преокрет кога полициската истрага покажала дека овој случај на киднапирање е исцениран.

Како жена може да киднапира возрасен маж? Тргнавме во потрага за побегнатите љубовници – изјавиле полициски службеници.

Запознајте се со свадбените обичаи ширум светот

Полицијата го привела братот на Ашок, како и фотографите кои се доведени во врска со овој случај.