Донован Мичел нов шампион во забивање

Сподели со своите пријатели

Играчот на Јута Џез, Донован Мичел, за само еден поен го победи Лери Ненс Јуниор во финалето на натпреварот за забивање на Ол-стар викендот.

И покрај тоа што има само 193 сантиметри, Мичел беше одличен и имаше атрактивни забивања.

Во последниот обид тој го облече дресот на Винс Картер од Торонто и го повтори забивањето од пред 18 години, кога легендарниот НБА играч беше победник./МИА

Leave a Reply