Домино дама Маргарита, од мажите прави домашни миленици, а за непослушност казнува (видео)

Сподели со своите пријатели

Мадам Маргарита е домино дама која се специјализирала за животински сценарија, па така нејзините муштерии се преправаат во кучиња, волци, еднорози…

Наградите и казните зависат искучиво од однесувањето на нејзините „миленици“.

Маргарита својот бизнис го развила во Лос Анџелес. Таа тврди дека нејзините клиенти сакаат да добијат потребно внимание и се чувствуваат сигурно во нејзини раце, а сето тоа по цена од 300 долари.

Поголемиот дел од нив бараат љубов, а јас сакам да ја истражувам нивната личност и да им пружам тоа што им треба. Понекогаш одлучувам што и како ќе правиме, но понекогаш им дозволувам да ги изнесат и своите прелози – вели Маргарита, која на социјалните мрежи ги дели искуствата со кориснциите.

Кога муштериите се добри, ги следи заслужена награда. Од друга страна, казните се бтурални…

Обично носат шепи, уши, рогови и опашки, а нивните тела се голи. Многумина доаѓаат поради чисто еротско искуство и тогаш знаат да бидат лоши, па завршат во кафез – објаснува Маргарита.

Иако изгледа дека кај неа доаѓаат само соло личности, признава дека често се изненади кога ќе види парови кои и доаѓаат на сеанса.

Освен својата „канцеларија“ во која и доаѓаат муштериите, Маргарита знае да ги одведе и во јавност и да ги тера да покажуваат трикови кои ги научила, а знаат и меѓусебно да се борат. Тврди дека добиваат на самодоверба и среќни си заминуваат од кај неа.