Доминација на ЖРК Куманово во првенството во пионерска категорија

Сподели со своите пријатели

Пионерките на женскиот ракометен тим од Куманово ја продолжија серијата на победи и го зацврстија првото место во пионерската лига на Република Македонија. Ова е петта победа од исто толку натпревари.

Овој пат избраничките на тренерскиот тандем Александар Јовановиќ и Димитар Антевски беа подобри од екипата на Металург од Скопје со резултат 16:7, на полувреме беше 8:2.

Домашните ракометарки одиграа извонредно во одбраната предводени од голманката Јована Спасковска која имаше 14 интервенции, додека во нападот најефикасна беше Сара Цветановска со 9 постигнати гола. Следниот натпревар ЖРК Куманово(пионерки) го игра на гостински терен со екипата на ЖРК Струма од Струмица.

За викендот активни беа и репрезентативките од нашиот град Александра Боризовска и Викторија Пеовска кои во рамките на женската сениорска ракометна репрезентација настапија на еден од најсилните турнири во светот Трофеј Карпати кој се одржа во Романија против домашниот тим, Полска и Бразил.

 

Loading...

Најдобриот играч на ЖРК Куманово Боризовска успеа на два пати да се запише во листата на стрелците, а капитенот Пеовска имаше одлично издание во укажаната шанса против тимовите на Романија и Полска.