Домашни лекови против инфекции на уринарниот систем

loading...

Ова се неколку домашни рецепти за лек кој ќе ви помогне лесно да ги надминете инфекциите на уринарниот систем:

Прво и најважно правило е да се пијат многу течности, за да се прочистат мочните канали и бубрезите од бактериите кои ги нападнале. Освен многу вода, треба да се пијат и одредени видови на чаеви кои се наменети токму за таа цел.

Сок од брусница

Сокот од брусница е добар лек, а воедно и добра превентива. Измешајте 60 мл вода, 125 мл незасладен сод од брусница и 60 мл јаболков оцет. Како превенција е добро да земате и по една лажица мармалад од брусница или по еден грст суви брусници.

Чај од магдонос

Магдоносот е природен диуретик, па е лесно со него да ги исфрлите бактериите кои ги нападнале мочните канали. 20 гр исецкан магдонос прелијте го со 2,5 л врела вода и варете пет минути. Поклопете го садот и оставете нека отстои  околу 15 мин, а потоа процедете и пијте го во рок од три часа.


Последни наслови

Facebook Comments