Договорот падна: Избори на 11 декември

Сподели со своите пријатели

Откако во текот на вчерашниот ден лидерите на четирите политички партии ја надминаа единствената пречка за одржување на изборите, односно избор на петти член на ад-хок телото за меидуми, падна и одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори.

Според потпишаното од страна на Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, како и претставниците на дипломатскиот кор, изборите ќе се одржат на 11 декември, а влдата што ќе ги организира ќе биде избрана во петок, 2 септември.

Нов уредник на информативната програма на МТВ ќе биде Санта Аргирова чиј мандат ќе започне од 2 септември и ќе трае до крајот на изборниот процес.

По оваа средба и договорот за избори се очекува државата да почне да чекори по патот за ислегување од политичка криза во која се наоѓа еден долг период.