Добијте еднаков тен на лицето со маска од павлака и лимон

Сподели со своите пријатели

Избелувањето на лицето од дамки е постапка која се препорачува при нееднаквост на тенот, црвенило и лесни козметички проблеми, пишува порталот Ранвеј.

Loading...

Летото и есента може оставиле темни дамки и пеги за спомен, а од нив може да се ослободиме на многу лесен начин.

Нерамномерниот тен, пигментните дамки и трагите од акни ги мачат многу жени. Шминката се нанесува потешко, а за да се постигне ефект потребна е квалитетна козметика и вештина за шминкање.
Хормоналните промени исто така влијаат на кожата и го спречуваат нејзиното обновување и здрав изглед. Многу жени грешките ги поправаат со дебел слој на шминка, но тоа не е решение. Дебелиот слој шминка го отежнува дишењето на епидермисот и проблемите се продлабочуваат а освен тоа може да дојде и до алергии.
За да се утврди каде се причините за проблемот најдобро е да се посети дерматолог или искусен козметичар за точно да ги одреди потребите на кожата и проблемот на ситуацијата.
Понекогаш е доволно да се утврди точниот проблем и да се помогне во метаболичките процеси на кожата. Во тој поглед третманите во салоните и неколку лесни домашни рецепти можат да завршат добра работа.
Третманот на хиперпигментација се состои главно во отстранување на мртвите клетки на кожата на горниот слој, чистење, намалување на количината на меланин и избегнување на факторите кои ја стимулираат. Без оглед каков метод на белење сте одбрале, потребно е да ја заштити кожата од сончевото зрачење со креми со висок SPF фактор, како и генерално да се избегнува изложувањето под директните сончеви зраци за одреден период по завршувањето на процедурите. Во спротивно ефектот им нема да се забележи, дури напротив – може да се добијат дополнителни црвенила и алергиски реакции.
Белење во козметички центар
Првично треба да погледне добро лицето и деколтето, да одреди типот на кожата и нејзините специфичните проблеми, да избере начинот на белење и бројот на процедурите.
Пилингот прави одлична работа за таа цел. Процедурата мора да одговара типот на кожата и возраста на пациентот. Пред многу години се користел фенол и 20% салицилен алкохол кои ја сушат и дразнат кожата. Денес се користат многу пријатни средства како овошни киселини или пилинг на растителна база. Наместо споменатите киселини се користат млечна или лимонска киселина.
Белење во домашни услови
Наместо да посетите козметички салон, белеењето може да го направите и дома со домашни рецепти за да ја избегнете хемијата во салоните.
Обидете се со следната маска, односно со сок од еден лимон и павлака во иста количина. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да делува 20-ина минути, избегнувајќи го пределот околу очите. За посилна пигментација можете да измешате лажица мед со изгмечени црни рибизли. Нанесете на зафатените делови и отстранете по половина час.
Измијте го лицето со вода и со сок од лимон
Извор: runway.mk

Leave a Reply