До среда ќе растат дневните температури

Сподели со своите пријатели

Во наредните три дена продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува в среда кон четврток.

Ветерот ќе го промени правецот во северен а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5 до 6 степени. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд, кога ќе има со локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.