Директорот на КК Куманово го демантира раскинувањето на договорот со Ракочевиќ

Сподели со своите пријатели

Иако на официјалната страна на КК Куманово на социјалните мрежи излезе соопштение дека Жарко Ракочевиќ поради недоразбирања со новиот тренер го напуштил Куманово, сепак од страна на спортскиот директор Младен Давидовиќ наидовме на демант на информацијата која ја пренесовме.

Како што наведуваат од клубот поради заинтересираност на клуб од Австрија како и поголема плата, Црногорецот се обидел да го искористи новиот тренер и ситуацијата во клубот и да замине во клубот кој го бара.

И покрај тоа што од клубот рекоа дека постојат недоразбирања помеѓу тренерот Мајран Србиновски и Ракочевиќ, после неполни 24 часа истата информација остро ја демантираа.

Апсолутна невистина беа тврдењата на одредени локални медиуми дека Ракочевиќ си заминал поради недоразбирања со тренерот Србиновски, кој ја има апсолутната доверба на раководството на клубот. Вистината е дека самиот кошаркар веќе извесно време бараше начин да си замине бидејќи добил подобра понуда од Австрија. Поразот од Кожув, меч на кој одигра многу слабо, го искористи како алиби за да ги смени клупските бои, но нема да добие исписница додека ние не добиеме отштета за предвремениот раскин на договорот. Тој е целосно исплатен и немаше апсолутно никаква причина за заминување, самиот е свесен дека одредена сума на пари мора да ни биде платена и преговараме околу нејзината висина. Дури откако ќе ни биде платена отштета ќе дадеме зелено светло за негово официјално заминување од Куманово – вели Младен Давидовиќ, спортски директор на КК Куманово.

Иако Жарко Ракочевиќ не се наоѓа во Куманово, тој уште е играч на КК Куманово, велат во соопштението од клубот.