Димитриевски: Случајот е монтажа кој има за цел лично да ме дискредитира

Сподели со своите пријатели

Loading...

По денешната информација од Министерството за внатрешни работи дека е поднесена кривична пријава против пратеникот Максим Димитриевски од Куманово за сомнение дека сторил кривично дело насилство, со своја реакција се јави и пратеникот кој вели дека случајот е монтажа која има за цел лично да го дескридитира.

Случајот е монтажа кој има за цел лично да ме дискредитира а воедно насилниците кои не нападнаа на семејната веселба да ги амнестира. Поднесена е представка до внатрешна контрола при мвр исто така и кривична пријава до ојо против насилниците од моја страна за која обвинителството сеуште не се произнесе. Очекувам многу од професионалците да го расветлат случајот но не и од институциите кои се под партиско полициска контрола. Ветувам дека ќе го демонтирам овој криминогено партиски апарат на режимот и нема да дозволиме никогаш повеќе оваа да му се повтори на друг граѓанин – вели Димитриевски.

Инаку, од МВР во сооштението велат дека М.Д. без повод и причина вербално се расправал со В.А. од Куманово, на кој му упатил вулгарни зборови, по што физички го нападнал, удирајќи го со тупаници во пределот на главата, при што му нанел телесна повреда, односно контузија на долната уста на оштетениот. Од страна на присутните гости истите биле разделени, а М.Д. ја загрозил сигурноста и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.