Димитриевски: Се намалува аерозагадувањето со примена на аеросолизација на улиците

Сподели со своите пријатели

Започнатата аеросолизација на фрекфентните сообраќајници во Куманово дава резултати во намалувањето на аерозагадувањето, оцени денеска, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. Проектот започна да се спроведува пред неколку дена во соработка со Факултетите за информатички и комуникациски технологии и за земјоделски науки и храна, ЈП „Чистота и Зеленило“ и надлежните инспекциски служби.

„Претходно подготвена е програма со која се спроведува аеросолизација на најпрометните места во градот и првичните резултати се задоволителни. Истражувањето ќе трае еден месец и подоцна ќе излеземе со конкретна информација за јавноста. Паралелено се врши запрашувањето на улиците и се мери нивото на аерозагадувањето пред и по прскањето “ – рече Димитриевски.

Прскањето се врши во ноќните часови од 20 до 1 часот по полноќ, со придружба на возило од МВР. Со методата која  се применува се врши зафаќање на ПМ 10 честичките кои се таложат на улиците.Доколку, крајните резултати се покажат како успешни, методата ќе продолжи да се применува и во иднина, во рамки на акцискиот план за намалување на загадувањето во општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Leave a Reply