Димитриевски: Поддршка за модерно и урбано Куманово

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ и коалицијата Максим Димитриевски денеска најави изградба на цевковод Куманово-Липково, доизградба на гасификациска инфраструктура, катни гаражи и пешачки зони за решавање на сообраќајниот метеж.

– Со овие проекти Куманово ќе добие нови 500 литри вода во секунда, ќе се реши прашањето со сообраќајниот метеж во градот, ќе се дислоцира старата и ќе се изгради модерна депонија и фабрика за преработка на отпад. Децата кои сега се на листа на чекање ќе имаат можност да се запишат во нови градинки, рече Димитриевски на прес-конференција.

Тој најави реконструкција на градскиот плоштад, изградба на подземна улица, постигнување енергергетска ефикасност и осветлување во Куманово, целосна реконструкција на речните корита на реките во градот. Со изградбата на младинскиот центар, како што рече, ќе се даде можност младите да творат, а со отварањето на мултиетничките дневни центри децата од најрана возраст да се поврзат.

– Ја бараме поддршката од вас во следниот период, да го трансформираме Куманово во модерен и урбан град, град со визија, со просперитет, град кој ќе даде нови можности за сите, рече Димитриевски.

Нагласи дека е неопходна реконструкцијата на постоечките училишта, нови зелени површини и спортски терени, реконструкција на Спомен-костурницата… Потенцира дека на градскиот плоштад веќе нема да има тенди, а сообраќајниот метеж, како што рече, ќе се реши со одговорно однесување на секој граѓанин, но нема да има казни, туку опомени.

Извор: МИА

Loading...