Димитриевски најави доградба на основното училиште во населбата „Перо Чичо“

loading...

Кандидатот за градоначалник од Коалицијата предводена од СДСМ за Куманово, Максим Димитриевски и кандидатите за советници, вечерва на мини-митинг пред граѓаните од населбата „Перо Чичо“ ја презентираа програмата со која настапуваат на локалните избори. Тој најави доградба на основното училиште во оваа населба со што, како што рече, ќе се обезбедат подобри услови за учениците. Пред жителите вети и изградба на подземна и надземна инфраструктура.

– Граѓански концепт на буџет кој ќе допре до секој граѓанин. Рамномерен развој за секој дел од градот, рече Димитриевски и најави дислокација на автобуската станица.

Тој побара поддршка од граѓаните за да се отстранат сите автомобили од улиците и рече дека предност ќе им се даде на пешаците и велосипедистите. Кандидатот за градоначалник вети и индустриска зона, додавајќи дека за капиталните инвестиции ќе бара поддршка од Владата.

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments