Димитриевски: Куманово ќе почне да го менува својот лик кон подобро

Сподели со своите пријатели

Тој е семеен човек, човек од бизнис заедницата, човек кој во трката за градоначалничката функција влегува со големи амбиции и добра програма. Максим Димитриевски беше активен на локалната политичка сцена, па стана пратеник во Собранието на Република Македонија, каде од говорницата постојано потсетуваше за проблемите на граѓаните на Куманово. Денес е кандидат на Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ.

За дел од програмата, но и плановите како ќе се решат проблемите кои ги мачат граѓаните, разговаравме со Димитриевски.

 

Loading...

КМ: Од каде желбата Максим Димитриевски да поднесе кандидатура за прв човек на Куманово. Што е она што сакате да го промените во градот?

Димитриевски: Желбата е од тоа што живеам во овој град и сакам Куманово да биде убав град.Сакам сите заедно да го промениме Куманово во убав, модерен, урбан град, град во кој кога ќе пешачите

 

КМ: Остана уште една недела од кампањата, постојано имате средби со граѓаните, какви се нивните коментари, што е тоа што најмногу ги мачи?

Димитриевски: Така е, имаме средби и ги посетивме скоро сите места во градот и во околните населби.Куманово е голем град и во секое место има специфицни проблеми, кои секако ќе мора да започнеме да ги разрешуваме. Граѓаните ги мачи загушениот сообраќај во Куманово, голем дел од населбите имаат проблем со канализациона мрежа, осветлување на улиците и населените места.

КМ: Во својата програма најавувате капитални инвестиции во образованието, што е она што кумановци може да го очекуваат на оваа поле, а пред се младите?

Димитриевски: Образованието е клетката на секое општество. Планираме да изградиме две нови детски градинки, ново основно училиште во Куманово во кое акцент ќе ставиме на заедничка мултиетничка соработка помеѓу учениците.Исто така обновување на училишниот инвентар бидејќи секое дете сака да седи на ново столче, нови клупи и да учи во убав амбиент.

 

КМ:Куманово важи за спортски град, град со талентирани млади луѓе, но и град со рушевина од спортска сала која е ругло на градот. Какви проекти имате предвидено на оваа поле?

Димитриевски: Така е Куманово е спортски град и тоа ќе го докажеме и покажеме на целата македонска јавност.Не смееме да дозволиме Куамново да има ваква спортска сала каква што имаме сега.Ќе изнајдеме начин согласно законите и правната регулација истата да ја вратиме во владение на градот и да ја реконструираме. Имаме проекти за спортот. Ќе изградиме и нова спортска сала во ОСТУ „Наце Буѓони“.

КМ:  Кружат приказни дека Димитриевски повеќе нема да ја подржува кошарката, каков е вашиот коментар во однос на оваа прашање?

Димитриевски: Димитриевски ќе го подржува спортот, и кошарката и ракометот и одбојката.И велосипедизмот, стрелаштвото и атлетиката.Средствата кои ги има општината за финасирање на спортот во градот ќе ги распределиме еднакво на сите.Сите спортови ќе имаат еднаков третман во градот.Ќе инвестираме во наши деца, таленти.Имаме мерки за поттикнување на училишни спортски клубови.Да се обидеме со наши сопствени сили да направиме спортисти, да ги поддржиме домашните дечиња и воедно да ги развиваме клубовите кои се бренд за нашиот град а еден од тие е и кошаркрскиот клуб Куманово..

 

КМ: Кога биле проектирани сообраќајниците не била водена сметка дека Куманово некогаш ќе има возила колку што има денес, па сме реално соочени со сообраќаен хаос, за кој со години нема решение. Како планирате да се справите со истиот?

Димитриевски: Во право сте, пред четириест години тука немало толку возила, но денес Куманово е преполно со автомобили и улиците не можат да го поднесат тој проток на автомобили. Имаме во план да направиме комплетно нова сообраќајна студија.Во прво време ќе ги вартиме во функција зоните за пешаци и велосипеди, а во подоцнежна фаза ќе се дефинира и нов режим на движење. Ќе обозможиме формирање на пешачки зони, непечено движење на велосипедисти и лица со посебни потреби со потребните рампи.

КМ: Горчлив проблем за кумановци се кучињата скитници, имате ли решение за оваа мака на граѓаните?

Димитриевски: Решение мора да има. Стационар е едно од идејните решенија за Куманово.Таму кучињата ќе бидат згрижени и вакцинирани во соработка со здруженија кои се грижат за бездомни животни.

 

Loading...

КМ: Ја добивте поддршката од премиерот Зоран Заев, но ќе добие ли Куманово финансиска помош за капитални инвестиции кои му беа ускратени во изминатите години?

Димитриевски: Премиерот Зоран Заев најави како што тој ја нарече отштета за Куманово. Нашиот град и локалната самоуправа неправедно беа казнети изминативе години. Време е таа грешка да се исправи и Куманово како  најголема општина во Македонија да ги добие потребните финансиски средства. Да, тоа ќе се случи со што Куманово ќе почне да го менува својот лик кон подобро.

 

КМ: Важите за човек од бизнис секторот, како планирате да им помогнете на кумановските компании доколку ја добиете поддршката на претстојните избори?

Димитриевски: Локалната самоуправа има ограничени можности за помош на индивидуалните бизниси, но преку мерките кои ги нуди Владата на Република Макеоднија, сигурен сум дека ќе имаме една взаемна соработка, а локалната самоуправа секогаш ќе биде поддршка кон локалните бизниси  бидејќи од развитокот на тие мали и средни бизниси зависи и економијата во градот и добросостојбата на нашите граѓани.

КМ: Како ќе го решите проблемот со сметот и аерозагадувањето?

Димитриевски: Проблемот со сметот ќе го решаваме систематски. Јавните претпријатија задолжени за тоа ќе ги извршуваат ажурно и навремено совите задолженија, ќе вложиме средства во нови комунални решенија, а во врска со загадувањето имаме зацртано да го обновиме постојното зеленило во градот и да озелениме нови површини, да ги обновиме дрворедите, да стимулираме фасади на објекти со зеленило да го обновиме линиското зеленило.Исто така сакаме да субвенционираме возење велосипеди при што граѓаните ќе ги заменат автомобилите или такси превозот.

КМ: Вашиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ редовно ги избегнува дебатите на кои бевте повикани во повеќе национални медиуми. Сметате ли дека тоа е некоректно за граѓаните, но и за вас да дебатирате сами?

Димитриевски: Дебатата е придобивка на демократијата уште од антички времиња.Тоа е нешто на кое ги искажуваме и споротивставуваме нашите мислења.Секогаш сум подготвен за дебата.Граѓаните треба да знаат за кого гласаат. За другата страна која и зошто ги избегнува дебатите не би можел да ви да одоговорам.

 

КМ: Што ќе им порачате на неутралните гласачи?

Димитриевски: На неутралните гласачи импорачувам да ја погледнат програмата која ја нудиме пред нив, и да ни ја дадат својата поддршка за едно поубаво Куманово кое ќе го градиме и разубавуваме сите заедно со секој нов ден.