Девизи, компресори, звучници, тонери и марионети запленети на ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија една измама, еден обид за криумчарење семки од марихуана и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани готови пари, возило со бункер, автоделови, електронска опрема за снимање, опрема за анализа на дигитална телевизија, звучници, тонери, дрвени марионети и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 23.000 евра биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на тројца македонски државјани, кои со македонски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во џебовите од јакните на двајца од патниците биле пронајдени по 9.900 евра, а во рачна ташничка на третиот патник биле пронајдени 9.200 евра. Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени по 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а привремено биле задржани по 7.900 евра од двајца патници и 7.200 евра од третиот патник. Против патниците се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Единаесет употребувани компресори за клима уреди за автомобили биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на  британски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените делови, пронајдени меѓу седиштата и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

 

Loading...

Осум звучни кутии Ibiza Sound и шест сталаци за звучни кутии биле откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, покриени со лични работи на патниците, се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

 

 

Вкупно 23 тонери за печатари и 100 дрвени марионети биле откриени во два одвоени случаи, при контрола на два македонски камиони, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

 

 

Loading...

Во првиот случај во просторот за палети на камионот биле пронајдени 23 тонери за печатари марка ХЕRОХ, а во вториот случај, во две пластични кеси сместени во надворешна преграда на возилото наменета за алат, биле пронајдени 100 дрвени марионети.

Непријавените производи се привремено задржани, а против возачите се поведени прекршочни постапки, стои во извештајот на Царинскат ауправа на Македонија.