Девизи, дрога и цигари запленети на граничниот премин Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една измама, три обиди за нелегален влез во Република Македонија, еден обид за криумчарење дрога и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, домашна ракија, свежа риба, облека и делови за товарни возила, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 40.000 евра биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на германски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца турски државјани, кои на прашање на царинските службеници, пријавиле дека со себе носат 5.000 евра и лични работи. При извршената контрола, во просторот за резервна гума, во багажникот на возилото, била пронајдена кеса со 50.000 евра, а во фиоката за документи, пред совозачкото седиште, бил пронајден плик со 10.000 евра. Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени по 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. За сторениот прекршок, против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

 

Loading...

devizi-zaplena

 

Во друг случај вкупно 10.000 евра биле откриени при контрола на германски автомобил, управуван од германски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во торбичка, сместена под возачкото седиште, се пронајдени 20.000 евра, од кои, согласно законските прописи му се вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

На граничниот премин Табановце автопат е спречен обид за криумчарење кетамин и LSD. При контрола на норвешко патничко комбе, со кое за излез од државата се пријавиле двајца норвешки државјани, во мала ташничка што се носи на појас, сместена во ранец за преносен компјутер, биле пронајдени 3 полиетиленски кесички со бела прашкаста материја и 1 мала кутија со 5 хартиени ливчиња со натпис HOFMAN, кои според изјавата на патникот претставувале LSD.

 

droga-zaplena

 

Царинската управа, по добиена наредба од Основното јавно обвинителство Куманово, ги достави прашкастата материја и хартиените ливчиња до Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења, каде по извршените анализи е констатирано дека белата прашкаста материја во сите три полиетиленски пакувања претставува кетамин-психоактивна супстанца со  халуциногено дејство, со вкупна нето маса од 2,5 грама, додека 5-те хартиени ливчињата со натпис HOFMAN претставуваат ЛСД – психотропна супстанца со халуциногено дејство и се класифицира во листа 1 на забранети психотропни супстанци

Царинската управа поднесе кривична пријава против возачот до надлежното јавно обвинителство.

Вкупно 82 штеки цигари LD, Bond Street и York со македонски   акцизни маркички, откриени при контрола на романски автомобил, управуван од романски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Цигарите пронајдени во багажникот на возилото, во просторот за резервна гума и во повеќе патни торби, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

cigare-zaplena

 

Loading...