Девизи, алкохол и авто делови запленети на граничниот премин Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија еден обид за криумчарење марихуана, открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани пари, алкохолни пијалоци, цигари, свеж зеленчук, автоделови, циркулари, регистарски таблички, омекнувач за вода, облека, паричници и фалсификати.

Три илјади евра биле откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во паричникот на патникот, пронајден во заден џеб од неговите панталони, биле пронајдени 5.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резиденти може слободно да го изнесат од државата, а за сторениот прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.

 

Loading...

 

Околу 11,2 литри виски (16 шишиња од 700 ml)  и 9,8 литри водка (14 шишиња од 700 ml) без акцизни маркички биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски  државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените пијалоци биле пронајдени во 5 картонски кутии, сместени во багажниот простор, помеѓу други лични работи на возачот. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

 

 

Две нови електрични циркулари, марка Einhell clasic, и употребувани ламела и менувач за патнички возила Mercedes биле откриени при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, сопственост на патник во возилото, македонски државјанин, биле пронајдени под седиштата на возилото, покриени со багажот на патниците. Производите се привремено задржани а против сопственикот ќе биде поведена соодветна постапка.

Комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајни дозволи биле откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на  граничниот премин Делчево. Табличките и сообраќајните дозволи, пронајдени позади совозачкото седиште, припаѓале на патничко возило RENAULT MEGANE SCENIC, за кое возачот изјавил дека го продал во отпад во Куманово. На тој начин возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде ставено во пропишана царинска процедура и без да бидат платени увозни давачки за истото. За сторениот царински прекршок, против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.