18.02.2018 12:39

Девин Букер рекорден снајперист на Ол-стар викендот

loading...

Најголемото изненадување во натпреварот за шутираше на три поени го направи играчот на Феникс Санс, Девин Букер, кој триумфираше со 28 од можни 34 поени и постави нов рекорд на Ол-стар викендите.

Досегашниот рекордер ѕвездата на Голден Стејт, Клеј Томпсон, со 25 поени во финалето заврши зад Букер. Томпсон добро тргна, но по четвртата позиција стана јасно дека не може да го стигне Бекер, кој е нов шампион и рекордер.

Пред две сезони Девин Букер како дебитант на натпреварот за шутирање од линијата за три поени го освои третото место. /МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments