Деветнаесет лица повредени во 18 сообраќајки во Скопје

Сподели со своите пријатели

Деветнаесет лица се полесно повредени во 11 од вкупно 18 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Во седум била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Од сообраќај се исклучени девет лица од кои двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, а седум пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.

Осумнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи за неправилно престројување и пет возачи за неправилно престигнување. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Седум нерегистрирани возила се исклучени од сообраќај. Затекнати се 72 непрописно паркирани возила.

Со пајак се отстранети 70 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „Стив Наумов“ на подрачјето на општина Гази Баба.

Извор: МИА

Loading...