Девет нови промени на Facebook кои најавуваат целосен пресврт во светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Основачот на Facebook, Марк Зукерберг се објати на светот и порача дека ќе направи се што е во негова моќ за да во иднина спречи мешање на странски земји во локалните претседателски и парламентари избори.

Зукерберт за време на своето обраќање претстави девет чекори кои таквото мешање дополнително ќе го отежнат, иако според негови зборови, никогаш во целост нема да го спречат.

– Јас сум многу загрижен за демократскиот процес и зачувувањето на неговиот интегритет. Мисијата на Facebook е на луѓето да им дадеме глас и да ги зближиме едни со други. Тоа се демократски вредности за кои се бориме и се гордееме со нив. Не сакам било кој да го користи она што го направивме за да ја закопа демократијата. Не се боревме затоа. Интегритетот на изборите е фундаментална работа за демократијата ширум светот – изјави Зукерберг во денешното обраќање.

Целата приказна за мешањето на владите започнало во 2016 година на претседателските избори во Америка, кога Русија наводно преку социјалните мрежи пласирала лажни вести во врска со изборите. Потоа следувало мешање во француските претседателски избори во мај 2017 година, а сега се стравува дека истата приказна може да се повтори и со парламентарните избори во Германија кои треба да се одржат на 24 септември.

Facebook неодамна соопшти дека открил избори поврзани со Русија кои платиле околу 100.000 долари за илјадници политички реклами на социјалната мрежа во изминатите две години, пренесува ВВС.

– Руската измама се продолжува. Сега се во прашање рекламите на Facebook – изјави американскиот претседател Донал Трамп.

Меѓутоа, Зукерберг има план како да ја сочува демократијата и да спречи мешање на странските влади на избори во другите земји во светот. Неговиот план се состои од девет чекори:

Facebook активно соработува со американската влада за да го истражи руското мешање во минатогодишните претседателски избори

Ќе ја продолжиме истрагата за тоа што се случувало за време на претседателските избори во Америка во 2016 година

Политичкото рекламирање ќе биде потранспарентно

Ќе се зајакне процесот на прегледи на политички реклами

Ќе се зголеми инвестирањето во безбедноста и интегиретот на изборите

Ќе се прошири соработката со изборните комисии во земјите ширум планетата

Ќе се зголеми соработката и делењето пратечки информации со други технолошки и безбедносни компании

Проактивно ќе се работи на зајакнување на демократските процеси

Борбата веќе започна, па така пред парламентарните избори во Германија угасивме илјадници лажни профили, но се поврзавме со јавните служби за да на кандидатите и партии им ги презентираме безбедносните мерки кои мора да ги преземат на Facebook.

Иако напорот кој го вложува компанијата во сето ова можеби делува непотрено, оваа социјална мрежа е толку масовна и голема што всушност игра една клучна улога за време на било кои избори. Така само во 2016 година милијарди дискусии и пораки во врска со зиборите биле разменети на Facebook. Исто така, кандидатите имале директни канали за комуникација со милиони гласачи.

– Се наоѓаме во нов свет. Борбата против нациит екои се обидуваат да влијаат на изборите на другите е поставена пред интернет заедницата. Меѓутоа, тоа е нешто против кое треба да се бориме и да го спречиме, заклучува Зукерберг.

https://www.facebook.com/zuck/videos/10104052858820231/

Loading...