Девет лица повредени во две сообраќајки во населба Карпош

Сподели со своите пријатели

Девет лица се здобиле со телесни повреди, од кои едно со потешки во две сообраќајни незгоди кои се случиле во населбата Карпош некаде пред 14 часот.

Информацијата ја потврдија и од кумановската болница каде на повредените им се укажува лекарска помош. Едно од лицата се здобило со тешки телесни повреди, но е надвор од животна опасност.

Екипите на СВР Куманово допрва треба да излезат на терен по што ќе бидат познати и повеќе детали.