Детенце го изгуби видот откако си играло со играчка која му ја купиле родителите

Сподели со своите пријатели

Шест годишното момче од Австралија си играло со ласер кој испуштал црвена светлост на голема оддалеченост.

Оваа играчка е обожувана кај сите малечки деца, а 6-годипното момче ја добило од своите родители.

Најпрвин никој не се сомневал дека нешто не е  во ред, но откако момчето се полошо гледало, родителите го однеле на лекар и било воспоставено дека детето изгубило дури 75% од видот.

Оштетувањето настанало на задниот дел од двете очи, а она што е алармантно е што детето не чувствувало никаква болка додека играло.

Неговата повреда може да се елиминира само со операција, нема да му помогнат ниту очила ниту контактни леќи.