Десет сообракајќи во Скопје, еден загинат

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, едно се здобило со тешки телесни повреди, а осум се полесно повредени во десет сообракајќни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на  подрачјето на СВР Скопје.

Дваесет и двајца возачи се исклучени од сообраќај, од кои пет возеле под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 12 возачи кои возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, додека 29 лица возеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се изречени мерки на 84 возачи, а специјалното возило „пајак“ подигнало 74 возила.

Сообраќајната полиција регистрирала и четири возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца кои не дале првенство на минување на возилата на крстосница, еден кој неправилно се престроил, а шест не поседувале зимска опрема.

Одделението за Превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ- „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба./МИА

Leave a Reply