Десет медали за македонските кик-боксери, кумановецот Спасовски стигна до осминафинале (видео)

loading...

Изминатата недела во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа европското првенство во кик бокс дисциплини за јуниори и кадети каде учество зедоа над 1.500 натпреварувачи од 37 земји.

Учесник беше и репрезентацијата на Македонија која се претстави со 37 натпреварувачи, а освои вкупно 10 медали од кои седум сребрени и три бронзени.

На првенството учествуваше и член на Кик-бокс клубот Куманово 2006, Давид Спасовски, кој се натпреваруваше во јуниорска конкуренција до 18 години, во категоријата -79 килограми, дисциплина кик лајт и обезбеди свое учество во соминафиналето каде се сретна со противник од Италија.

„Давид ја загуби борбата, но се претстави во одлично издание покрај една ваква силна конкуренција. Јас како тренер сум задоволен од настапот и мислам дека Давид достојно го претстави градот и државата и уште еднаш благодарност до градоначалникот на Општина Куманово и Општинскиот сојуз на спортови кои помогнаа да се реализира учеството на турнирот“ – изјави тренерот Сашо Илиевски.

Турнирот беше во организација на светската кик бокс организација WAKO, а во соработка со Кик-бокс федерацијата на Република Македонија.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments