Денис Андриевски го фати крстот во црквата „Света Троица“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Крстот во црквата „Света Троица“ годинава го фати 21-годишниот Денис Андриевски, кој имаше најмногу среќа од верниците кои беа дел од оваа манифестација.

 

Loading...

 

Среќникот Адриевски по трет пат скока по крстот, но за прв пат му се насмевнува среќата. Вработен е, а годинава очекува повеќе среќа и успех.

– Скокам веќе три пати по крстот, ова ми е прва година да го фатам, многу сум среќен. Сакам следната година да има повеќе заинтересирани да скокаат по крстот. Очекувам повеќе успех годинава, изјави Андриевски.

По чинот во црквата се даваше и света причест, а верниците си понесоа од осветената вода во своите домови.