Денеска започнa летото, деновиве температури и до 38 степени

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 6 часот, 24 минути и 20 секунди ни пристигна летото во Македонија, но и во целата Северна хемисфера, додека истовремено на јужната настапува зима.

Првиот летен ден e најдолг во годината и во Македонија ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22 септември во 17 часот и 22 минути, кога календарски започнува есента.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево,до умернео облачно и топло време, а дневните температури до крајот на оваа недела ќе се искачат и до 38 степени целзиусови.